Мекдоналдс воведе мобилна апликација за нарачка од далечина

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Мекдоналдс, кои направија револуција во 70-тите години преку услугата да си купуваш храна без да слегуваш од колата (drive-thru), објавија нова иницијатива. Во средата тие велат дека ќе ги направат можни нарачките од возачите преку употребата на нова мобилна апликација.

Иновацијата е обид да се привлечат одново клиентите, откако минатата година сообраќајот на клиентелата во американските гранки на синџирот за брза храна падна со над 2%. Со новата апликација посетителите ќе можат да си нарачаат “Бик Мак” со порција помфрит уште пред да стигнат со возило на местото за набавки. Истото ќе важи и за клиентите на самиот ресторан.

Нарачување преку мобилен уред ќе биде воведено во 20 000 установи од синџирот ширум светот до крајот на 2017 година, ветуваат од компанијата.

Во 70-тите години “Мекдоналдс” претставува за прв пат во Америка шопинг од автомобил. Интересен факт е дека тоа е создадено за да им служи на американските војници на кои им било забрането да ги напуштаат нивните возила во униформа.

Денес 70% од приходите на синџирот се благодарение на клиентите на т.н. drive-thru. Во последните 4 години, сепак, компанијата трпи постојана загуба на клиенти заради неспособноста да се адаптира кон “дигиталната економија” за разлика од конкурентите “Данкин Донатс” и “Старбъкс”, правејќи ги своите услуги побавни и незгодни.

Од оваа причина во моментов од “Мекдоналдс” имаат за цел воведување не само на мобилен уред за нарачки од далечина, но и изградба на 690 свои филијали, кои ќе бидат дел од нивниот план “Пробај ја иднината”. Тие ќе вклучуваат компјутерски терминали (киоск) за самопослужување во присуство на долги редици, промена при употребата на семафорот и специјални реконфигурирани кујни, наменети да го намалат растојанието што вработениот треба да го помине до касата и обратно.