519
Овие меки и превкусни колачи комбинираат овошен вкус по избор и кокос, а се подготвуваат за помалку од еден час.
Состојки:
500 мл млеко
50 гр шеќер
Малку сол
Малку ванилин шеќер
60 гр пченкарен скроб
3 лажици џем по избор
Кокос
Подготовка:
Млекото, шеќерот, ванилата и скробот измешајте ги и загрејте ги на ниска температура. Мешајте додека смесата не се згусне и внимавајте да не загори. Ќе добиете смеса со конзистенција на павлака.
Додадете го џемот или мармаладот и само лесно промешајте, за да се познаваат шари. Смесата излејте ја во плех за печење и ставете ја во замрзнувач неколку часа.
Откако ќе замрзне исечете на коцки и секоја извалкајте ја во кокос. Уживајте во вкусот.