Киеран Калкин доби Оскар за најдобра машка споредна улога во филмот „Вистинска болка“, а покрај тоа во изминатите месеци ги освои и наградите Златен глобус, БАФТА и САГ.
Поддршка добил и од неговиот брат Меколи Калкин, кој се прослави како младо момче со улогата на Кевин во филмот „Сам дома“.
На журката по церемонијата на Оскарите, присуствувал и Меколи кој не ги криел емоциите кога станува збор за успехот на неговиот брат. Тој исто така истакнал дека на Оскарите го гледал само делот во кој Киеран е номиниран.
„Само категоријата за најдобра споредна машка улога, тоа е единственото нешто што го погледнав“. Вистинска приказна, вистинска приказна… Плачев и си помислив: „Ќе се видиме подоцна“, изјавил тој за „Variety“.
Меколи и неговата сопруга открија и дали очекувале Киран да ја добие оваа награда.
„Секако. Да бидеме реални. Дозволено ни е да го кажеме тоа“, рекла таа, а додал Меколи:
„Беше во првиот ред, на патеката, најблиску до скалите. Немаше шанси да не победи“.
Киеран Калкин долго време беше во сенка на својот брат, но последниве години се истакна како актер. Тој еднаш зборуваше за успехот на Меколи.
„Тој беше во фазон: „Го уништив мојот живот. Никогаш не го сакав ова. Сакав да бидам актер и да правам интересни проекти, а сега сум познат“, изјавил еднаш Киеран.