310
Еден Мексиканец од државата Коахуила со себе земал локален оркестар за да го прослави разводот.
Мексиканецот бил одлично расположен, како што покажа и оваа снимка, во која тој му вели на оркестарот да ја свири неговата омилена песна „Cabrón y Vago“, пред да дојде неговата наскоро бивша сопруга.
Сведоците велат дека Мексиканецот бил среќен како мало дете кога го потпишал разводот и дека ѝ рекол на сопругата дека едвај го чекал овој ден.
Не е познато што довело до развод, но едно е сигурно – доаѓањето на оркестарот на тој настан ги воодушеви сите во светот, бидејќи снимката стана вирална.