Мексиканска домашна салата, идеална за посна слава

995 прегледи

Состојки:

– 4 големи црвени пиперки
– 200 гр шампињони
– 200 гр праз
– 200 гр пченка шеќерец од конзерва
– 200 гр црвен грав од конзерва
– сол, бибер и масло по вкус

Подготовка:

На масло пропржете го празот сечен на кругови, па додајте ги шампињоните исечкани на листови.

Кога ќе се пропржат тргнете ги од оган и посолете. Додајте ја пиперката, исчистена и исечена на кругови, потоа пченката и гравот. Зачинете по желба и добро измешајте.

Мерките можат да се зголемат по потреба.

По желба, доколку сакате попикантен вкус, додајте лута пиперка.

Слични содржини