200
По дојава, мексиканските војници заплениле околу 1,5 тони синтетичка дрога метамфетамин и 149 килограми фентанил во прав на контролен пункт во северната погранична држава Сонора, соопшти војската, пренесува АП.
Војниците, исто така, пронајдоа 816.486 апчиња за кои постои сомневање дека содржат фентанил, спакувани во 46 контејнери во средата.
Министерството за одбрана соопшти дека добило информација дека камионот кој превезувал концентрат од овошен сок во прав до пограничниот град Тихуана превезувал и дрога.