Мексиканската вила на Џорџ и Амал Клуни

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Според најновите гласини Џорџ Клуни размислувал дали да ja продаде својата прекрасна вила во Лос Кабос, која е веднаш до онаа на неговите најдобри пријатели и кумови Синди Крафорд и нејзиниот маж Ренди Гербер.ff9782bc9f893939afb9824bb5b1f31b

Освен тоа Ренди е бизнис партнер на Џорџ и двајцата произведуваат текила Casamigos.

Но, бидејќи тоа не е единствената луксузна палата на ѕвездата, очигледно актерот сериозно размислува за продажба. Тој има и куќа на езерото Комо во Италија , во која исто така поминал голем дел од својот летен одмор. Освен тоа Клуни ги има и дворците во Лос Анџелес.

Што се однесува до модерната вила на Џорџ во Мексико, таа е изградена од мексиканскиот архитект Рикардо Легорета.

Вилата на Клуни е решена во малку темни бои, во споредба со онаа на супермоделот Синди Крафорд. Двете куќи имаат заеднички базен, двор и трем.

Неодамна Клуни и неговата сопруга Амал се здобија и со дом во нејзината татковина – Велика Британија, кој планираат да го претворат во свое главно живеалиште, откако ќе завршат со поправките.

Според пријатели на холивудската ѕвезда, тој никогаш нема да се раздели со зачудувачката куќа во Лос Кабос, која е во непосредна близина со океанот.

Видете фотографии на двете вили во галеријата.