Мексико може да започне истрага за интервјуто на Шон Пен со „Ел Чапо“

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Мексиканските власти ја испитуваат можноста за започнување истрага за контактите на американскиот актер Шон Пен со нарко босот Хоакин Гузман – „Ел Чапо“, во времето додека овој затвореник во бегство беше најбарниот човек во Мексико и Америка, пишува лондонски „Индепендент“.kontroverzite-okolu-intervjuto-na-shon-pen-so-el-chapo-144099

Весникот тврди дека властите во Мексико Сити биле гневни на Пен поради неговата тајна средба со познатиот криминалец, по кого во тоа време трагаа полициите и безбедносните власти на Мексико и на САД, и при тоа со него уште да „дели тако и текила“.

Според „Индепендент“, и Белата куќа била „максимално разбеснета“ кога беше обелоденета тајната мисија на Пен во мексиканската џунгла.

Подоцна, Белата куќа соопшти дека нема да се изјаснува околу тоа дали холивудската ѕвезда треба да им се предаде на мексиканските власти, ако тие го побараат за испитување.

Властите на Мексико се уште немаат поднесено такво барање за Пен, но Американците веќе побараа екстрадиција за „Ел Чапо“, затоа што тој е обвинет и во САД.

Се верува дека правната процедура околу префрлањето на нарко-босот во САД ќе трае најмалку една година.

Тоа, сепак, не ја исклучува истрага за тоа дали актерот Пен ги прекршил мексиканските закони, поради што би можел да биде повикан на одговорност.

Правни експерти сметаат дека тој ги повредеил мексиканските, но и американските закони, со тоа што ги попречувал потрагата и правдата и затоа што од правосудните власти криел сознанија за бегалецот.

Хоакин Гузман (58), во петокот беше уапсен од страна на мексиканската полиција, три месеци по направеното интервју на Пен за списанието „Ролинг Стоун“ и шест месеци откако тој, во јули минатата година, побегна од затвор во Мексико, низ тајно ископаниот тунел под туш кабината во неговата затворска ќелија.

Во единствената изјава досега, дадена преку електронска пошта, а што ја пренесуваат лондонските медиуми, Шон Пен, меѓутоа, ја брани својата постапка.

– Не чувствувам жалење поради тајното интервју и немам што да кријам, вели Пен.

Лондонски „Индепендент“, но и другите медиуми, ја осудуваат постапката на Пен и го означуваат како „бескрајно наивно“ неговото објаснување, оти по бегството од затворот Гузман не го обновил насилството.

Медиумите пишуваат дека токму „Ел Чапо“ во 2006 година го прекршил „пактот за ненапаѓање“ со другите нарко картели, околу патиштата на дрогата. Војната што потоа се разгори, во изминатите девет години однесе најмалку 50 илјади жртви.