Шефот на мексиканската држава Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека му дал на американскиот претседател Џозеф Бајден писмо во кое повторно му нуди азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, бидејќи смета дека е невин.
Минатиот месец, Велика Британија ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД, каде што тој беше обвинет за објавување на доверливи американски воени документи и дипломатски телеграми од страна на Викиликс.
Објаснив дека Асанж не извршил никакво сериозно злосторство, не предизвикал ничија смрт, не ги прекршил човековите права и дека неговото апсење би значело повреда на слободата на изразување, изјави Лопез Обрадор на новинарите.
Минатиот месец Лопез Обрадор го нарече Асанж „најдобриот новинар на нашето време“, наведува Ројтерс.