Мексико очекува удар од ураганот „Грејс“

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Ураганот од прва категорија, познат како „Грејс“, стигна до полуостровот Јукатан, источно од Мексико, објави денеска американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).

Ураганот „Грејс“ сега се наоѓа на околу 15 километри јужно од градот Тулум, со максимална јачина на ветрот од 130 километри на час, објави НХЦ, пренесува „Ројтерс“.

Невремето од прва категорија веќе ги погоди Хаити, Јамајка и Кајманските Острови, оштетени од земјотресот.

Мексиканската држава Кинтана Ру отворила засолништа и евакуирала некои хотели и жители пред да пристигне бурата.

Во меѓувреме, некои туристи беа вознемирени поради изгубениот ден на плажа, додека други се подготвуваа за своето прво „искуство“ со ураган.

Слични содржини