Мексико размислува за тужба против „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив

од Milan1
20 прегледи

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум го повика Гугл да ја преиспита својата одлука за преименување на Мексиканскиот Залив во „Заливот на Америка“ за американските корисници, додавајќи дека земјата ќе поднесе тужба против компанијата доколку е потребно.

Гугл го смени името на Заливот за корисниците во САД поради одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го смени името на Мексиканскиот Залив, објави „Ројтерс“.

Шејнбаум постојано ја критикуваше одлуката, нагласувајќи дека името „Мексиканскиот Залив“ е меѓународно признато.

За корисниците на „Google Maps“ во Мексико, заливот сè уште го носи името „Мексикански залив“.

Сепак, за корисниците надвор од тие две земји, двете имиња се појавуваат на мапата.

Руте: Путин мора да разбере дека Западот е обединет

„Доколку Google не ја повлече својата одлука, Мексико може да преземе правни мерки. Доколку е потребно, ќе поднесеме граѓанска тужба“, рече Шеинбаум, додавајќи дека правниот тим веќе ги оценува овие одлуки, но дека се надеваат дека Google ќе ја преиспита својата одлука, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини