Мексико усвои закон за национализација на резервите на литиум

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Долниот дом на мексиканскиот конгрес усвои амандман на законот за рударство со цел да се национализираат резервите на литиум во земјата.

Амандманот, кој беше усвоен во понеделникот со 298 гласа „за“, еден ден претходно до Конгресот го поднесе претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, пренесe Ројтерс.

Амандманот на претседателот предвидува измена на делови од законот од 1992 година, според кој правото на истражување, експлоатација и употреба на литиум ќе биде исклучиво резервирано за мексиканската држава и под јурисдикција на федералната влада.

Слични содржини