Мел Гибсон ги расположи гледачите на “Добро утро, Америка” објаснувајќи им дека покрај очекувањето да се роди деветтото дете, се здобил со стрии. Холивудскиот актер и режисер гостуваше во шоуто за да го претстави својот нов режисерски проект “Hacksaw Ridge” ( “Повикот на совеста”).
Покрај прашањата поврзани со професионалните проекти, ѕвездата беше сослушана и за неговиот приватен живот, кој исто така е прилично интересен. Додека зборувал за бебето што чекаат тој и неговата девојка Розалинда Рос, тој се пошегувал дека откако толку многу пати станал татко, се здобил со стрии.
“Имам стрии, човече”, изјавил Гибсон. “Така станува по петата бројка”, одговорил на шегата на еден од водителите на утринското шоу.
Мел Гибсон има седум деца од бракот со неговата поранешна сопруга Робин Мур и ќерка од врската со руската пијанистка Оксана Григориева.
Гибсон и оваа девојка, 26-годишната Розалинда Рос, објавија во септември дека ќе стануваат родители, потсетува весникот. За Рос ова ќе е прво дете.