Славната 62 годишна американска актерка Мелани Грифит своите следбеници на Инстаграм ги воодушеви со објавата на фотографија во која позира во долна облека. Оваа слика е дел од фотосесијата направена со цел промоција на линијата долна облека Kit Undergarments со потпис од американските стилисти Сајмон Харуш и Џејми Мизрахи.
Поранешната сопруга на Антонио Бандерас позира само во црна долна облека и високи потпетици.
Откако ја видоа фотографијата нејзините обожаватели почнаа да ѝ делат комплименти, фалејќи ја дека изгледа совршено во шеесетите години.
Инаку Мелани во една прилика имаше можност да открие дека убавата линија и е благодарение на вежби како пилатес и џогинг и режим на исхрана со низок процент на јаглехидрати.
Мелани Грифит е мајка на три деца. Од врската со Стивен Бауер го има 34 годишниот син Александар, од бракот со Дон Џонсон ѝ е ќерката Дакота Џонсон (30) и од последниот брак со Бандерас ja има 23 годишната ќерка Стела.