Меланија Трамп објавува мемоари, ќе споделува лични приказни и семејни фотографии

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп оваа есен ги објавува мемоарите наречени „Меланија“. Нејзината канцеларија ги опишува како моќна и инспиративна приказна за жена која сама си го трасирала патот, ги надминала сите неволји и ја „дефинирала личната извонредност“, пишуваат американските медиуми.

Ова се првите мемоари на Меланија Трамп, која во голема мера беше отсутна од очите на јавноста додека нејзиниот сопруг Доналд Трамп бара враќање во Белата куќа.

Мемоарите на Меланија ќе ги објави издавачката куќа „Скајхорс“, која веќе објави книги од поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, голем поддржувач на Трамп и адвокатот Алан Дершовиц.

„Скајхорс“ работеше и со независниот претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор и поранешниот советник на Трамп – Мајкл Коен, кој на крајот стана еден од неговите најжестоки критичари.

Кабинетот на Меланија Трамп не прецизираше датум за објавување на мемоарите и не соопшти дали книгата ќе излезе пред претседателските избори на 5 ноември.

Поранешната прва дама „ги поканува читателите во својот свет, нудејќи им интимен портрет на жена која живеела, и сè уште живее, извонреден, необичен живот“, се вели во најавата на книгата.

Меланија е полна со лични приказни и семејни фотографии кои никогаш не ги споделила со јавноста.

Слични содржини