Мелено месо со тестенини

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Ова е брзо и многу вкусно јадење.

Состојки:

– 250 гр мелено месо

– 200 гр тестенини

– 1 литар супа

– 1 главица кромид

– 2 чешниња лук

– 150 гр пасирани домати

– сол, бибер, пиперка, магдонос

– 2 лажици кисела павлака

Подготовка:

Загрејте го маслото, па пропржете ги кромидот и лукот кои претходно сте ги исецкале ситно. Додадете мелено месо и пржете додека не ја промени бојата. Сега додадете пасирани домати, зачинете по вкус, додадете ги тестенините и малку супа. Забелешка: не ја додавајте супата одеднаш, туку постепено.

Кон крајот додадете уште зачини, павлака и убаво измешајте. Ако сакате, можете да додадете околу 50 гр рендан кашкавал додека е уште топло и убаво измешајте.

Слични содржини