„Мелимејт“ скопска фирма со идентично „офшор-педигре“ како „Ексико“

од desk3
91 прегледи

Aнонимната скопска компанија „Мелимејт“ потекнува од познатите даночни оази каде што се зачнати и најпознатите офшор-фирми во Македонија, како „Ексико“ и „Финзи“. Како и другите, и оваа фирма се поврзува со луѓе од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пишува во истражувањето на БИРН.

Metro20Builder1

БИРН во неколку наврати ги истражувашеврските на „Финзи“ со бизнис елитата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и покрај сопственичката улога во порталот „Нетпрес“, откривме дека компанијата има слична историја како и најпознатата офшорка „Ексико“.

Истата адреса во американскиот град Олбени и истите директори од Кипар ги врзуваат „Ексико“ и „Финзи“, меѓутоа ова бизнис друштво по сè изгледа е пошироко. БИРН дојде до документи кои откриваат дека речиси идентично „офшор-педигре“ има уште една скопска компанија.

Станува збор за „Мелимејт инвестмент“, која е регистрирана во Македонија во 2009 како друштво за градежништво и на прв поглед изгледа како сосема обична фирма со седиште во скопски Чаир, меѓутоа на таа локација има приватен дом и ништо не навестува дека таму функционира канцеларија на градежен бизнис.

Актуелниот сопственикот на „Мелимејт“ живее на друга страна од градот, во Центар, меѓутоа како и секоја компанија од ваков вид, првичните газди се скриени во папките спакувани некаде далеку преку Атлантскиот Океан.

„Мелимејт“ е зачната во Олбени, САД на 26 ноември 2007 година и тоа буквално на истиот ден и во истата канцеларија каде што е основана и американската компанија што се појавува во сопственичката структура на „Ексико“.

На ова место се наоѓа административна зграда, по што следува претпоставката дека таму има адвокат што асистира при отворање офшор-компании. Во еден момент на оваа американска адреса имало регистрирано и 250 компании, но во моментов се помалку, шеснаесет активни.

Откако некој ја формирал „Мелимејт“ во Америка, веднаш ја преселил фирмата во Скопје, ама трансферот одел преку светски познатата даночна оаза Кипар, операција идентична како и во случајот „Ексико“.

Повеќе од текстот на БИРН на следниот линк.

Слични содржини