Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги критикуваше Русија и Израел во говорот пред Генералното собрание на ОН, оценувајќи дека Москва „длабоко го прекршила меѓународното право“ со напаѓањето на Украина, и дека Израел во својата реакција на Хамас „ги пречекори границите на принципот на пропорционалност“.
Мелони предупреди дека војната во Украина ги дестабилизирала другите жаришта, додека ОН е дополнително поделена, и повика на „храброст“ и реформа на меѓународните институции за да бидат повторно ефикасни, објави Анса.
Италијанскиот премиер потврди дека Италија ќе гласа за одредени санкции на ЕУ против Израел и го повика Тел Авив да „излезе од стапицата на војната“, велејќи дека решението лежи во создавање палестинска држава со ослободување на заложниците и исклучување на Хамас од власт.