Италијанската премиерка Џорџа Мелони денешниот говор на рускиот претседател Владимир Путин го оцени како пропаганда.
Мелони рече дека се надевала на нешто поконструктивно, пренесува „Ројтерс“.
„Дел од моето срце се надеваше на некои поинакви зборови, некаков напредок. А тоа беше обична пропаганда“, наведе Мелони, која е во посета на украинскиот град Ирпин.