Мелони му вети на Зеленски воена и економска помош

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Италијанската влада денеска му вети поддршка на Киев и ја повтори својата посветеност за постигнување праведен мир за Украина, беше соопштено по телефонскиот разговор меѓу италијанскиот премиер Џорџa Мелони и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

За време на разговорот, Мелони ја повторил целосната поддршка на италијанската влада на Киев на политичко, воено, економско и хуманитарно поле, за поправка на енергетската инфраструктура и во идната реконструкција на Украина, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Слични содржини