Џорџа Мелони положи заклетва како нов премиер на Италија и ќе ја предводи првата крајнодесничарска влада во земјата од крајот на Втората светска војна.
45-годишната Мелони, која е и првата жена на чело на италијанската влада, и нејзините министри положија заклетва пред италијанскиот претседател Серџо Матарело во претседателската палата.
Десничарската партија Браќа на Италија на Мелона освои најмногу гласови на минатомесечните парламентарни избори.
Мелони синоќа го објави составот на својот кабинет. Нејзините коалициски партнери ја вклучуваат десничарската Лига на Матео Салвини и конзервативната партија Италија напред предводена од поранешниот премиер Силвио Берлускони.
Прво положи заклетва Мелони, а потоа и нејзините двајца вицепремиери од двете коалициски партии, Матео Салвини и Антонио Тајани, висок функционер на партијата Напред Италија на Берлускони.
Списокот на министри избрани од Мелони ја одразува нејзината желба да ги смири партнерите надвор од Рим, загрижени поради доаѓањето на шефот на екстремно десничарската партија на чело на владата.