Мелони: Посветеноста и идеите на Маск се важни за соработката меѓу САД и Италија

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони по разговорот со милијардерот Илон Маск изјави дека неговата „посветеност и идеи“ се важни за соработката меѓу САД и Италија.

„Убедена сум дека неговата посветеност и идеи можат да бидат важна предност за Соединетите Држави и Италија, во духот на соработката насочена кон соочување со идните предизвици“, рече таа на мрежата Х.

Разговорот меѓу Мелони и Маск се случил по победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД во вторникот, кого Маск го поддржува, пишува „Анса“.

Трамп за време на кампањата објави дека планира да му додели на Маск улога во неговата администрација.

Слични содржини