Мелони за реформата на буџетот на ЕУ: „Не треба да се каже ДА ако не можете да го почитувате тоа“

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Италија нема да ја прифати реформата на Пактот за стабилност и раст на Европската унија, доколку смета дека новите буџетски правила се неостварливи, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони, пренесува АНСА.

„Не можете да кажете ‘да’ на реформата на Пактот ако не можете да ја почитувате“, рече Мелони за радио Rtl 102.5.

Земјите-членки на ЕУ во моментов преговараат за реформа на Пактот за стабилност и раст на Европската унија, кој беше суспендиран за време на пандемијата на ковид-19 во 2020 година, пренесува Танјуг.

Доколку земјите-членки не постигнат договор, старата буџетска регулатива ќе стапи на сила следната година.

Слични содржини