Мемоарите на принцот Хари излегуваат во јануари, издавачот го објави точниот датум

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Издавачката куќа Penguin Random House објави преку New York Post дека мемоарите на принцот Хари, војводата од Сасекс, се планирани да бидат објавени на 10 јануари 2023 година.

Мемоарите требаше да излезат во ноември, но објавувањето на книгата беше одложено со недели поради смртта на кралицата Елизабета Втора на 8 септември оваа година. Имаше и гласини дека објавувањето на книгата, која е напишана со помош на писателот Ј.Р. Мохрингер, може да биде суспендирано. Сега издавачката куќа објави дека ќе се најде на полиците на продавниците на 10 јануари, пренесува Film-News.

Во најавите за мемоарите, принцот вели дека ги напишал „не како принцот каков што сум роден, туку како човекот кој што станав“. Penguin Random House ја опиша книгата како „интимна и искрена“ и изјави дека дава „дефинитивен приказ на искуствата, авантурите, загубите и животните лекции што му помогнале да се обликува“.

„Носев многу капи низ годините, буквално и фигуративно, и се надевам дека со раскажувањето на мојата приказна, подемите и падовите, грешките, научените лекции, можам да помогнам да покажеме дека без разлика од каде доаѓаме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме“, напиша Хари во изјавата за книгата.

Тој додаде дека неговата цел била да обезбеди „приказ од прва рака за мојот живот кој е точен и целосно вистинит“.

Слични содржини