Мемоарите на принцот Хари се најбрзо продавани во светот по „Хари Потер“

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Веста дека мемоарите на принцот Хари наречени „Резерва“ е најбрзо продаваната книга (400.000 примероци) одекна како бомба, а единствени што се продадоа повеќе во првиот ден беа оние за Хари Потер.

Издавачот објави дека Мемоарите на принцот Хари, насловени како „Резерва“, е најпродаваната книга, веднаш по Хари Потер.

Дознаваме дека досега се продадени 400.000 примероци од тврд повез, е-книги и аудио формати, објави „Ројтерс“.

– Отсекогаш знаевме дека оваа книга ќе предизвика „експлозија“, но ова ги надмина нашите најоптимистички очекувања – изјави извршниот директор на издавачката куќа „Transworld Penguin Random“ Лери Финлеј.

Контроверзните мемоари на принцот Хари кренаа голема прашина во јавноста, а се шпекулира дека за него добил дури 40 милиони евра. Војводата од Сасекс во мемоарите сподели многу приватни детали од својот живот.

Слични содржини