Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов вели дека препораките на Фискалниот совет за пензионирање не се прифатливи во овие услови и во овој момент. Тоа, како што посочи, јасно го кажа и Владата и тие нема да бидат составен дел на Фискалната стратегија за периодот од 2025 година до 2029 година. Мемов исто така напомена дека основен извор на финансирање на ПИОМ се изворните приходи.
-Препораките на Фискалниот совет за пензионирање не се прифатливи во овие услови, во овој момент. Тоа јасно го кажа и Владата и тие нема да бидат составен дел на Фискалната стратегија за периодот од 2025 година до 2029 година. Во овие услови во државата, Владата смета дека моментот сè уште не е созреан во оваа насока да се движи и дека треба да се задржи моментумот на задржување на социјалните трансфери, рече Мемов вечерва во „Вин-Вин“ на „Телма“.