Менаџерот на Бритни Спирс поднесе оставка откако 25 години работеше со неа: Откриена е причината

од Nikola Popovski
215 прегледи

Лери Рудолф, човекот кој ја водеше кариерата на Бритни Спирс 25 години, ја напушта функцијата нејзин менаџер, пишува Би-Би-Си.

Рудолф е со Бритни од нејзината 14 година, a за оставката бил поттикнат од изјавата на пејачката дека има намера да се повлече од сцената.

„Поминаа повеќе од две и пол години откако Бритни и јас последен пат комунициравме, а потоа таа ме извести дека сака да направи пауза за која не дефинираше колку долго ќе трае“, напиша Лери во писмото до таткото на Бритни Џејми Спирс и негувателката Џоди Монтгомери.

Неговата оставка следи две недели откако Бритни Спирс сведочеше пред судот во Лос Анџелес, барајќи да се ослободи од старателството над нејзиниот татко Џејми Спирс, кој управува со нејзиниот живот и финансии веќе 13 години. Бритни тогаш рече дека била принудена да настапува иако таа не сака.

Рудолф истакнува дека немал никаква врска со старателството и дека не бил свесен за многу детали што сега се појавија во јавноста.

„На Бритни и посакувам здравје и сета среќа на овој свет и ќе бидам тука за неа ако некогаш повторно ѝ бидам потребен, како што бев и досега“, пишува тој во своето писмо.

Слични содржини