Мендес и Кабељо повторно заедно?

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Пејачот Шон Мендес и пејачката Камила Кабељо се видени како го шетаат нивното заедничко куче Тарзан, што предизвика гласини дека ја обновиле љубовната врска.

Парот неодамна раскина, а по раскинувањето изјавија дека имаат намера да останат најдобри пријатели.

„Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме најдобри пријатели. Многу ја цениме вашата поддршка од самиот почеток и одиме напред“, напишаа тие во заедничката изјава по раскинувањето.

Многумина сега се прашуваат дали прошетката во која биле фатени е само од пријателска природа или пак е повторно разгорена романса.

Да потсетиме, славниот пар се запозна во 2014 година, додека Кабељо беше членка на групата Fifth Harmony, а врската започна во јули 2019 година по снимањето на заеднички спот за песната Señorita и оттогаш се речиси неразделни. Во средината на ноември тие ја објавија веста за раскинувањето по две години врска, што шокираше многу обожаватели.

За време на пандемијата на коронавирус, Шон и Камила се преселија во Мајами за да бидат со семејството Кабељо, што пејачката го опиша како „навистина убаво искуство“.

„Тоа беше прв пат кога бев тивок и можев да размислувам за тоа што се случува на овој свет и како се чувствувам за тоа и што можам да направам и каде оди ова од овде“, сподели Шон во ноември минатата година во интервју за Apple Music. „Мислам дека тоа беше најдобриот подарок што сум го добил во животот“, додаде тој.