Менди останува во притвор под обвинение за силување, судењето на 10 септември

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, ќе остане во притвор пред потенцијалното судење за обвиненија за силување, откако барањето за кауција беше одбиено.

Менди е зад решетки од минатиот петок, кога се појави пред прекршочниот суд во Честер, обвинет за четири силувања и еден сексуален напад.

Друго барање за кауција беше поднесеноденеска, на затворено рочиште, кое траеше околу 50 минути.

Менди не беше во судницата кога судијата Стивен Еверет го одби барањето, изјави портпаролот на судот.

Менди е обвинет за напад на три различни жени, меѓу кои и една на возраст под 18 години, во неговата куќа.

Наводно, три силувања се случиле во октомври 2020 година, а тој е обвинет за сексуална злоупотреба на жена на почетокот на јануари оваа година.

Тој е обвинет и за силување жена минатиот месец.

Фудбалерот, кој беше суспендиран од клубот поради истрагата, треба да се појави на суд на 10 септември.

Друг маж, 40 години, уапсен под сомнение дека учествувал во силувањето, бил пуштен со кауција.

Слични содржини