Откако актерката Еван Рејчел Вуд го обвини своето поранешно момче, музичарoт Мерилин Менсон, за злоупотреба, многумина се присетија на негово старо интервју, кое беше прилично морничаво.
Имено, во едно интервју од 2009 година, Менсон зборуваше за раскинувањето со Вуд, и, меѓу другото, рече дека фантазира како „ѝ го крши черепот со чекан“.
На прашањето како се чувствува по раскинувањето со актерката, тој тогаш одговори:
„Божиќ во 2008 година беше најтежок за мене, бидејќи не разговарав со моето семејство. На моите ѕидови беа испишани стихови и закачени вреќи со кокаин. Бев сам и се чувствував предаден и напуштен. Јас ѝ дадов доверба само на една личност, но направив грешка во изборот на таа личност. Тоа е грешка што секој може да ја разбере. Очајно се обидував да го поправам тоа. Тој ден ја повикав 158 пати, а во исто време се сечев со жилет по лицето и рацете“, рече музичарот во интервјуто од 2009 година и додаде.
„Знам дека тоа беше глупаво. Сакав да и покажам колку ме боли да бидам без неа, сакав физички да го види тоа. Знам дека звучи како да го измислувам сега, но тоа е вистина и не ми е грижа во што веруваат луѓето. Имам лузни кои го докажуваат тоа. Често ме прашуваат во интервјуа дали мојот албум зборува за раскинување со неа. Песната I Want to Kill You Like They Do In The Movies зборува за моите фантазии. Секој ден фантазирав како ѝ го скршам черепот со чекан“, рече тогаш.