МЕПСО донира три милиони денари за настраданите во Турција

од Nikola Popovski
138 прегледи

АД МЕПСО одлучи да донира 3 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција.

-Во знак на солидарност и поддршка, УО на АД МЕПСО донесе Одлука за доделување на парична помош во висина од 3.000.000 денари за настраданите граѓани во катастрофалниот земјотрес што се случи на 06.02.2023 во Република Турција.

Средствата ќе бидат уплатени на наменската сметка за помош која по повод трагичниот настан е отворена од страна на Црвениот крст во нашата земја, порачаа денеска од МЕПСО.

 

Слични содржини