Мерц е предизвик за Фон дер Лајен и нејзината позиција во ЕУ

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, за кого се предвидува победа на претстојните избори, јасно најави дека ќе биде многу поактивен во европските прашања од неговиот претходник Олаф Шолц, што бриселски „Политико“ го оцени како најголем предизвик за Урсула фон дер Лајен како претседател на Европската комисија.

Подемот на Мерц доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп сигнализира дека Европа мора да преземе поголема одговорност за воената и економската помош за Украина, пишува бриселскиот портал.

Иако поголема улога на Германија во ЕУ може да биде од корист на Фон дер Лајен, конфликтите меѓу Мерц и неа се сè поочигледни, пишува „Политико“.

Слични содржини