Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека следната рунда санкции на Европската Унија против Русија треба да биде готова во наредните недели.
„Ние во ЕУ ќе го подготвиме следниот пакет санкции во наредните недели“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со кипарскиот претседател Никос Христодулидес, кој е во посета на Берлин, објави „Катимерини“.
Мерц додаде дека Европската Унија има намера да продолжи со притисокот врз Русија, а исто така и да се бори против заобиколувањето на постојните санкции.