Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија нема да се придружи на иницијативата на западните сојузници за признавање на палестинската држава на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец.
Мерц го објави ова на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание, по слични најави од Франција и Велика Британија, објави Ројтерс.
„Ставот на федералната влада е јасен во врска со евентуалното признавање на палестинската држава. Канада го знае тоа. Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива. Не гледаме дека условите се исполнети“, рече Мерц.