Мерц: Русија не војува само против Украина, туку и против Германија

Германскиот премиер предупреди и на саботажи, ширење дезинформации и хибридно војување.

од desk2
24 прегледи

Во телевизиско интервју, германскиот канцелар Фридрих Мерц вчеравечер порача дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Германскиот премиер предупреди и на саботажи, ширење дезинформации и хибридно војување што ги погодуваат граѓаните на Германија.

„Тоа не е војна само против Украина. Тоа е војна и против нас. Нѐ следат, доаѓа до саботажи, се соочуваме со лажни информации во големи размери“, порача првиот човек на германската влада.

Мерц посебно ги издвои руските пропагандни канали, како „РТ“ и употребата на вештачката интелигенција во ширењето лажни вести.

„Кај нас систематски се дезинформира населението – преку Russia Today и други канали. Има лажни вести што се комбинираат со вешчката интелигенција. Сето тоа се елементи на она што го нарекуваме хибридно војување“, порача германскиот канцелар.

Според него, веќе има напади на инфраструктура, вклучително подметнати пожар и напади на војни објекти.

„Неодамна имавме инциденти во касарни. Речиси сите траги посочуваат на Русија. Затоа мора да се браниме“, рече Мерц.

Од почетокот на мандатот на неговата влада, официјалната реторика кон Русија се заостри, за разлика од однесувањето на претходникот Волфганг Шолц, кој беше прилично поумерен во настапите кон Русија.