Mercedes AMG SL63 на автопат 328 km/h? Нема проблем (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Новиот Mercedes SL дебитираше пред една година. Во зависност од регионот, моментално се достапни неколку погонски агрегати, а врвот во гамата е SL63 со 4,0-литарски V8 мотор со двоен турбо полнач.

И додека на повеќето патишта во светот е нелегално да се тестира максималната брзина на овој модел, AutoTopNL имаше можност да го вози автомобилот на делови од германскиот автопат без ограничувања на брзината и да види што е способна најмоќната верзија на родстерот на Mercedes.

Видеото во прилог започнува со обиколка на SL63, по што следи кратко објаснување за тоа што се крие под каросеријата на автомобилот.

Како што веќе споменавме, SL63 го придвижува докажаниот 4.0 V8 twin-turbo на Mercedes, кој во овој модел испорачува 585 коњски сили (430 kW) и 800 Nm вртежен момент. Моторот е поврзан со деветстепен автоматски менувач.

Дополнително, за прв пат во историјата на SL, постои опционален погон на четири тркала.

На хартија, спринтот од место до 100 километри на час би требало да трае само 3,6 секунди. Во овој случај, сепак, повеќе нè интересира максималната брзина што би можел да ја постигне новиот SL, а која теоретски би требало да биде некаде околу 315 km/h.

Сепак, во видеото родстерот постигна неверојатна максимална брзина од 328 km/h, многу повеќе од она што го очекуваше Mercedes.

Слични содржини