Компанијата Brabus разви тјунинг пакет за електричниот седан Mercedes-Benz EQS. Наместо да ја зголеми моќноста и перформансите, Brabus реши да ја зголеми ефикасноста и автономијата на супермоќниот електричен автомобил…
Електричните автомобили стануваат сè попопуларни, па ни тјунерите веќе не можат да го игнорираат овој тренд. Сепак, барањата на клиентите се малку различни. Електричните автомобили можат да се пофалат со огромен вртежен момент, кој е достапен од место, а она што им треба на нивните сопственици е поголем досег.
Brabus одговори токму на ова прашање. Иако луксузниот седан има врвна аеродинамика од само Cx 0,2, а неговата врвна верзија има автономија од 730 километри (според WLTP), Brabus ја подобри токму оваа област на автомобилот.
Напред, забележуваме нов „сплитер“ од јаглеродни влакна и отвори за воздух обложени со јаглерод за ладење на ладилникот и сопирачките. Назад, модифициран дифузер и спојлер на задната врата беа инсталирани.
Brabus претстави и препознатливи бандажи со дијаметар од 22 инчи. По модификациите на Brabus, автомобилот е поблиску до асфалтот за 15 mm напред и 20 mm назад.
Од компанијата истакнуваат дека автономијата на автомобилот е зголемена за 50 километри.