Mercedes-Benz и Microsoft со заедничка соработка

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Mercedes-Benz и Microsoft објавија партнерство. Заедничкото партнерство е посредувано од платформата за податоци на Microsoft Cloud дизајнирана да ја подобри производната ефикасност во над 30 автомобилски погони ширум светот.

Платформата за податоци наречена MO360 е веќе достапна во Европа, Блискиот Исток и Африка, а според најавата, платформата ќе биде лансирана и во САД и Кина.

Целта е да се соберат податоци од целиот производствен процес, од компоненти преку логистика до производствена линија. Така, ќе се создаде виртуелна реплика која ќе овозможи брза идентификација на потенцијалните проблеми во синџирот на снабдување.

Соработката треба да доведе до зголемување на ефикасноста на производството на возила за 20 проценти до 2025 година во однос на нивоата од 2022 година, се додава во соопштението.

Слични содржини