„Мерцедес“, „БМВ“ и мотор изгореја во Скопје

од Milan1
191 прегледи

„Денеска (14.07.2025) во 04:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило „мерцедес“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „пјаџо беверли“, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С.(32) од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од страна на станарите на едно женско лице му била пружена лекарска помош поради вдишување на чад“, велат од МВР.

Слични содржини