Mercedes целосно го напушта рускиот пазар

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Министерството за индустрија и трговија на Русија соопшти дека германската компанија Mercedes-Benz го префрлила целиот свој имот во Русија на руската компанија „Автодом“.

Во соопштението на Министерството беше наведено дека е потпишан договор со Mercedes-Benz за пренос на сите средства на компанијата во Русија на „Автодом“. Mercedes го прекина производството во Русија во март.

Според податоците на Европската бизнис асоцијација (АЕБ) со седиште во Русија, продажбата на автомобили Mercedes во таа земја во септември е намалена за 72,8 отсто во однос на истиот период лани.

Во Русија, средствата на компаниите Renault и Nissan претходно беа префрлени на руската влада.

Слични содржини