Mercedes доби дозвола да тестира автомобили со автономија на ниво четири во Кина

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Mercedes-Benz доби „зелено светло“ од кинеските власти за тестирање на самоуправувачки автомобили со автономија на ниво четири во оваа земја, со што стана првата странска компанија со оваа дозвола.

Одобрувањето дојде минатиот викенд, па на тест-автомобилите на Mercedes сега им е дозволено да возат во повеќето ситуации без потреба од луѓе да ја преземат контролата. Компанијата ќе се фокусира на маневри како што се свртувања, промена на лента и кружни текови, како и движења на патарините во Пекинг.

Во декември минатата година, Mercedes-Benz доби дозвола да тестира автомобили со автономија на ниво 3 во Кина, а овие возила не бараат постојано човечко внимание, иако понекогаш може да побараат од возачот да ја преземе контролата. Компанијата тврди дека користи стратегија со минимален ризик за да ги направи своите самоуправувачки автомобили безбедни.

И додека Mercedes ги предводи странските производители на автомобили, некои кинески компании веќе се во игра. Baidu, Hongqi и WeRide веќе тестираат самоуправувачки автомобили со автономија на ниво на четири.

Tesla, уште еден голем играч во областа на автономното возење, сè уште работи на добивање целосно одобрение за својот систем за целосно самостојно возење во Кина, кој треба да биде завршен до крајот на годината. Компанијата претходно доби пробни одобренија и тестираше 10 автомобили со софтвер FSD во јуни. Треба да се каже дека FSD на Tesla генерално се смета за автономија на второ ниво, што значи дека возачите мора постојано да ги држат рацете на воланот и постојано да ја следат ситуацијата. Пристапот на Tesla е единствен затоа што секој возач што користи FSD всушност помага да се подобри системот преку тестирање во реалниот свет.

Други автомобилски компании исто така прават потези во Кина, а минатиот месец GM и SAIC лансираа софтвер за автономија на второ ниво.

Здружението на автомобилски инженери (SAE) поставува стандарди за нивоа на автономно возење. Второто ниво бара задолжителен надзор на возачот, третото им овозможува на возачите да ги тргнат погледите од патот со разбирање дека можеби ќе треба да ја преземат контролата во одреден момент, додека четвртото и петтото ниво на автономија воопшто не бараат возач .

Производителите на автомобили се тркаат кон совршена технологија за самоуправувачки автомобили, а конкуренцијата станува се посилна.

Слични содржини