Mercedes е првиот во Германија кој може без возач

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Станува збор за систем за автоматско паркирање кое сега е надградено со систем за автономно возење на ниво 4. Тоа значи дека возилото може да вози самостојно без надзор и помош на возачот.

Ова одобрение првпат е издадено во Германија, а моментално оваа опција е достапна само во Штутгарт, поточно во гаражата на тамошниот аеродром.

APCOA P6 е првата јавна гаража во светот која доби лиценца за комерцијална употреба на систем за паркирање на ниво 4.

„Првото одобрение во светот за користење на клиентите на нашата високо автоматизирана функција за паркирање без возач, развиена заедно со нашиот технолошки партнер Bosch, покажува дека лидерството во иновациите и „Made in Germany“ одат рака под рака“, вели Маркус Шафер, член на Менаџментот на Mercedes-Benz Group AG и главен директор за технологија.

Во пракса, тоа значи дека возилото оди само до паркинг местото, и се враќа кај сопственикот кога ќе се повика. Целото управување е овозможено преку апликација за мобилен телефон со која корисникот на возилото ги извршува сите дејствија поврзани со паркирањето, вклучително и плаќањето.

Услугата е достапна за моделите EQS и S-Class произведени по јули оваа година. Оние што знаат ќе се сетат како сличен систем беше воведен во 2019 година, две години по почетокот на развојот на системот за паркирање.

Главната разлика е во тоа што во тоа време употребата беше прилично ограничена на возила за тестирање, додека новото овозможува интеракција со возила во приватна сопственост, односно влегување на возила со автономно управување (ниво 4) во јавниот сообраќај.

Слични содржини