Mercedes G500 V8 Final Edition во 1.500 примероци

од Vladimir Zorba
397 прегледи

Уште една жртва на Mercedes-Benz, откако автомобилскиот производител ќе се збогува со V8 моторот во G500.

Final Edition всушност е последен пат кога германскиот луксузен бренд ќе вгради мотор со осум цилиндри во G500, а моделот од 2024 година ќе биде придвижуван од помал агрегат со шест цилиндри. „Лебедовата песна“ следеше три децении по претставувањето на 500 GE V8, оригиналната G-класа со V8 мотор.

Моделот ќе биде достапен во обсидиан црна, опалит магно бела и магно маслиново зелена, а секоја од трите варијанти ќе се произведува во 500 примероци. Исто така, секоја копија ќе носи ознака „Final Edition“, како и хромирана контура на капакот на резервното тркало. Mercedes избра 20-инчни AMG тркала со двојни краци за теренецот, кои се обоени во боја на каросеријата доколку се избере Magno Olive Green. Сепак, во случајот на преостанатите две бои, бандажите ќе бидат црни.

При отворањето на вратата, логото G и натписот „Stronger than time“ се проектираат на земја. Пораката се применува и на капакот на автомобилот што доаѓа со секоја копија од најновиот модел G500 V8. На праговите и рачките на вратите, како и на задната страна од клучот е испишано „Final Edition“.

Mercedes ја прекри речиси секоја површина во внатрешноста со Nappa кожа, вклучувајќи го багажниот простор и панелот со копчиња за прилагодување на седиштата. Теренецот е опремен со Burmester озвучување, двобојни седишта и кожна покривка со централен дел во иста боја како централниот дел на седиштата со исти дијамантски шевови.

Под хаубата немаше никакви промени, па останува уште 4.0-литарски V8 твин-турбо мотор кој развива 421 КС и 810 Nm вртежен момент.

Mercedes ќе ги произведува последните примероци на моделот G500 V8 помеѓу септември и март 2024 година.

G500 V8 Final Edition веќе е достапен за нарачка, а во Германија има цена од 196.350 евра.