Мерцедес го донесе поранешниот шеф на Ферари

од Симе Стоиков
370 прегледи

Тимот на Мерцедес го ангажираше поранешниот директор за дизајн на Ферари, Симоне Реста како нов директор за стратешки развој. Како што објави денеска Би-би-си, 53-годишниот Италијанец ќе почне да работи во Мерцедес во 2025 година.

Неговото доведување е клучен дел од процесот на реструктуирање на Мерцедес, бидејќи тие сакаат да се вратат во борбата за титулата. Реста работеше со техничкиот директор на Мерцедес Џејмс Алисон во Ферари од 2013 до 2016 година.

Алисон, кој во тоа време беше технички директор на италијанскиот тим, го назначи Реста за шеф на дизајн во 2014 година.

Тој беше на таа позиција кога Ферари ги креираше своите болиди од 2017 и 2018 година, најконкурентни дизајни што излегоа од Маранело во претходната деценија.

Реста потоа се пресели во Заубер во мај 2018 година, се врати во Ферари во август 2019 година, а потоа се пресели во Хаас во 2021 година, каде што остана до заминувањето на директорот на тимот Гунтер Штајнер оваа зима.

Мерцедес исто така ќе го доведе Енрике Самп од Ферари, кој ќе стане шеф на софтверски апликации за перформанси во германскиот тим.

Мерцедес има многу проблеми од 2022 година и воведувањето нови правила во Формула 1 и оттогаш доминира Ред Бул. Мерцедес во последните две години оствари само една победа во Формула 1 шампионатот.

Слични содржини