Mercedes го имплементира ChatGPT во својот инфозабавен систем за клиентите во САД

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Чет-ботот базиран на вештачка интелигенција (AI) ChatGPT е во нишанот на Mercedes-Benz AG, кој сака да ја подобри гласовната контрола на својот инфозабавен систем MBUX. Германската групација ќе се потпре на ChatGPT за да го направи системот уште поинтуитивен, пренесува Automobilwoche.

Т.н бета верзија на технологијата ќе се појави во САД веќе на 23 јуни, со повеќе од 900.000 возила кои имаат пристап до опцијата со ChatGPT.

„Интеграцијата на ChatGPT заедно со Microsoft во нашата безбедна облачна средина е вистинска пресвртница на нашиот пат да го направиме автомобилот центар на дигиталниот живот“, посочува директорот за развој во Mercedes Маркус Шафер.

На овој начин, возможно е возачот да има разговор со системот, кој може да поставува или одговара прашања, како и да обезбедува навигација или временски услуги.

„Нашите клиенти секогаш можат да сметаат на нас за да обезбедиме најдобра можна заштита на нивните податоци“, истакнува Шефер.

Според Mercedes, основата за интеграција на ChatGPT е соработката со Microsoft. Преку услугата Azure OpenAI, компанијата ги користи генеративните модели на AI на OpenAI во комбинација со можностите за безбедност и приватност на Azure.

Гласовните команди ќе се складираат анонимно во облакот на Mercedes и потоа ќе се анализираат. Сите податоци се заштитени од злоупотреба, при што клиентот го задржува правото да избере кои информации ќе се собираат и за каква цел.

И додека повеќето гласовни асистенти во возилата се ограничени на дадени задачи и одговори, ChatGPT го користи таканаречениот модел на голем јазик (LLM). Овој модел ја пресметува веројатноста за следниот збор во реченицата бидејќи има пристап до огромна количина на податоци.

Ова го подобрува разбирањето на природниот јазик. Разновидноста на темите исто така се зголемува. Во иднина, секој што ќе побара од гласовната контрола на нивниот Mercedes да каже нешто вредно, да знае за дестинацијата, да предложи нови идеи за рецепт или да создаде песна, исто така ќе добие одговор. Автомобилот ги репродуцира сите информации преку глас, така што очите на возачот остануваат фокусирани на ситуацијата на патот.

Бета тестирањето за САД ќе трае три месеци. Корисниците кои учествуваат во тестот ќе можат да ја испробаат најновата технологија во своите автомобили. За возврат, програмерите на компанијата очекуваат корисни заклучоци за понатамошниот развој на гласовната контрола.

Наодите треба да се вклучат во стратегијата за воведување на LLM на други пазари и јазици. Mercedes ветува одговорно користење на вештачката интелигенција.

Слични содржини