Мерцедес-Бенц, симбол на луксуз и престиж, се соочува со голема промена – одлучи да го смени курсот. Според информации од внатрешни извори, познатиот германски бренд полека го исфрла терминот „луксуз“ од својата официјална стратегија и се свртува кон поширок, подостапен пазар.
Според весникот „Ханделсблат“, новата цел е Мерцедес да понуди „најпосакувани производи во сите сегменти“, а не само во најскапите.
Причината е сериозен пад на профитот – во текот на првата половина од годината, профитот е преполовен, а просечната маржа падна на само 5,3%, во споредба со претходните 15%.
Затоа, менаџментот подготвува вистинска офанзива на производи: дури 36 нови модели ќе бидат лансирани во следните неколку години – 17 електрични и 19 нови или значително освежени бензински и дизел возила.
Фокусот повеќе нема да биде на „Мајбах“ и „АМГ“ од 150.000 евра, туку ќе се прошири за да вклучи компактни модели и теренски возила кои се попристапни за поширок круг клиенти.
Дури и претставниците на вработените изјавија дека производството под 2 милиони автомобили годишно е неодржливо.
Како што вели извршниот директор Ола Келениус: „Нашата индустрија моментално поминува низ дожд, град, бури и снег, сето тоа истовремено“, а „Мерцедес“ одлучи да одговори со поголем обем, пореални цели и попристапна понуда.