Mercedes ќе ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија

Mercedes ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија, изјави министерот за надворешни работи и трговија на земјата, Петер Сијарто, пред 40-тото Гран При на Унгарија во Формула 1

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Mercedes ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија, изјави министерот за надворешни работи и трговија на земјата, Петер Сијарто, пред 40-тото Гран При на Унгарија во Формула 1.

По разговорите со претставници на германскиот автомобилски гигант, Сијарто објави дека инвестицијата во Кечкемет во централна Унгарија напредува според планот и дека сосема нови модели на Mercedes со најнова технологија ќе излезат од производствените линии веќе во првиот квартал од следната година, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Тој рече дека капацитетот на фабриката ќе биде 300.000 возила годишно, со што вкупното производство на автомобили во Унгарија ќе достигне еден милион возила годишно.

„Работиме со Mercedes за да ги искористиме глобалните тешкотии како предност за Унгарија. Германскиот производител е наш стратешки партнер. Заедно работиме на тоа ситуацијата предизвикана од неспособноста на Европската комисија и претседателката Урсула фон дер Лајен да ја претвориме во можност, за да може Унгарија да излезе од кризата посилна, како што тоа го правеше во минатото“, рече Сијарто.

Слични содржини