Mercedes планира да ги намали трошоците за неколку милијарди евра годишно

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Mercedes-Benz планира големо намалување на трошоците во услови на влошување на бизнисот.

„Во наредните години ќе ги намалиме трошоците за неколку милијарди евра годишно“, велат од компанијата, но не сакаа да соопштат дополнителни детали. Дали ова значи големи отпуштања, не е познато.

Германската автомобилска индустрија во последно време е во доста проблеми. Преминот кон електрични автомобили не оди според очекувањата, а се засили и конкуренцијата на кинескиот пазар.

Фолксваген, инаку најголемата автомобилска компанија во Европа, веќе се закани дека ќе затвори неколку фабрики во Германија, а во колективните преговори наводно инсистира на општо намалување на платите.

Заострувањето на состојбите во индустријата го чувствува и Mercedes-Benz, кој поради тоа е принуден да ги приспособи оперативните трошоци, изјавила портпаролката на компанијата за германската агенција dpa.

„Економската ситуација во светот останува крајно неизвесна. Ќе останеме финансиски силни и способни да дејствуваме само со соодветно зголемување на ефикасноста“, додаде таа.

Според неа, ќе бидат потребни значителни заштеди кои ќе вклучуваат фиксни трошоци. Mercedes-Benz е на вистинскиот пат, на тој пат ќе продолжи мирно, но многу доследно, заклучи таа.

Слични содржини