174
Германската компанија „Mercedes-Benz“ се соочува со повеќе од 300.000 тужби пред Високиот суд во Лондон од сопственици на возила со дизел мотори кои наводно се опремени со сомнителни уреди кои мамат тестови за штетни гасови.
Германскиот гигант е обвинет дека на клиентите им дава лажни информации за стандардите за емисија на штетни гасови, според СРНА.
Mercedes-Benz демантира дека на нивните возила се поставени спорните уреди кои можат да ги променат нивоата на штетни гасови.
– Сметаме дека обвинувањата се неосновани и од тоа ќе се браниме, се вели во соопштението од компанијата.