Како што стојат работите денес, Е-класата со своите деривати е последниот модел на Mercedes-Benz изграден на платформа со чист мотор со внатрешно согорување – изјави шефот за развој на Mercedes-Benz, Маркус Шефер за германски Automobilwoche.
Најдоцна до 2030 година, Mercedes има намера да произведува само електрични возила – барем онаму каде што тоа го дозволуваат пазарните услови, што во овој случај е Европа. Досега на оваа платформа се базираа и S и C-Class и ќе бидат прекинати на крајот на циклусите на моделот, веројатно дури и пред 2030 година, пишува Revija HAK.
Новата и најнова генерација на бизнис седанот ќе биде претставена на крајот на годината, а на пазарот ќе се појави на пролет. Сите следни модели од 2024/2025 година се базираат на архитектури специјално дизајнирани за работа со батерии. Под ова име E-Class се произведува од 1993 година и е сигурен бестселер.
Истовремено, бројот на варијанти на мотори ќе се намали со воведувањето на стандардот за издувни гасови Euro 7. Според Шефер, соработката со Renault завршува. Французите повеќе нема да бидат во игра за развој на мотори за компактни возила. Mercedes ќе произведува глобален мотор во соработка со кинеската Geely.